Бунт против истребување

Активисти за животната средина протестираа на аеродром во Лондон (ВИДЕО)

Активистите на движењето за животна средина Бунт против истребување утрово протестираа на аеродромот Лондон Сити, и имаа намера да го парализираат и мирно да го окупираат три дена, a успеаја да предизвикаат само одложување на еден лет.

Полицијата соопшти дека уапсила неколку лица пред аеродромот и едно во авион на пистата.

„Ваквото нарушување на работата на аеродромот и ваквото сметање на патниците е целосно неприфатливо и неодговорно. Лицата кои го кршат законот се уапсени и ќе бидат гонети“, се вели во полициското соопштение.

Поранешниот детектив Џон Куран е меѓу уапсените, тој се залепил на тротоарот пред аеродромот.

Еден активист протестирал во авион за Даблин во кој се качил, што е снимено и објавено на медиумите. Тој предизвика задоцнување на летот на компанијата Аер Лингус. Лицето е евакуирано од авионот чиј лет беше одложен.

Аеродромот Лондон Сити ги повика патниците да ги проверат своите летови пред да пристигнат на аеродромот.

Активисти седеле на влезовите на аеродромот, пеејќи и извикувајќи слогани.

Една активистка рече дека имаат за цел да истакнат до која мерка луѓето кои често патуваат со авион и оние кои деловно патуваат ѝ штетат на планетата.

„Протестиравме со години, потпишувавме петиции, пишувавме писма и ништо не се смени. Сега мора да преземеме нешто поразлично“, додаде 56-годишната Кетрин.

Двајца активисти се искачија на покривот на влезот на аеродромот, каде закачија розов транспарент „Нашата кревка планета умира“.

Активистите од Бунт против истребување се спротивставуваат на проширувањето на аеродромот додека трае климатската криза и „еколошката итност“ прогласена од парламентот, како и обврските на владата до 2050 година да достигнат до нулта стапка на емисија на јаглерод.

Во Велика Британија и други земји, тие бараат тој рок да се помести до 2025 година.

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе