Активисти на Гринпис го прекинаа говорот на британската премиерка: „Кој гласаше за ова? (ВИДЕО)

Активисти на Гринпис накратко го прекинаа говорот на британската премиерка Лиз Трас на конгресот на Конзервативната партија во Бирмингем.

Фото: ЕПА

„Кој гласаше за ова?, пишуваше на транспарентот што го носеа активистите кои набрзо беа изведени од салата додека Трас доби аплауз од поддржувачите.

Трас вети дека Британија ќе ги преброди тешките времиња и дека „сите ќе имаат корист“ од резултатите на нејзината економска политика.

„Во овие тешки времиња, мора да дејствуваме. Решена сум да ја придвижам Велика Британија напред, да нѐ извлечам од бурата“, рече Трас.

Таа вети дека ќе го прекине периодот на „високи даноци и низок раст“.

По инцидентот, Гринпис на Твитер објави дека активистите сакале да привлечат внимание на фактот дека премиерката ги прекршила ветувањата на партијата од 2019 година.

Според активистите, премиерката се откажува од силната акција по прашањето на климата и водечката улога во заштитата на животната средина во светот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе