Активист на Берни Сандерс: Во Америка ни треба гулаг, богатите на гилотина (ВИДЕО)

Активист на предизборниот штаб на кандидатот за американски претседател, сенаторот Берни Сандерс, е фатен како признава дека посакува оружена револуција по која богатите би ги пратил на „гилотина“, а републиканците во „логори за преобразување“.

Мартин Вајсгербер, кој наводно е платен теренски организатор за Јужна Каролина во штабот на Сандерс, тајно бил снимен во разговор со десничарски активист кој очигледно лажно му се претставил како левичар и симпатизер на Сандерс.

Откако ја добил неговата доверба, активистот на иницијативата Проџект веритас во ресторан извлекол од него прилично неверојатно признанија за некој кој работи во предизборен штаб на еден од водечките кандидати за претседател на САД.

„Секогаш кажувам, знаете, јас сум комунист“, кажал отворено Вајсгербер, отскокнувајќи со тоа од Сандерс кој се декларира како демократски социјалист.

„Спремен сум да почнам да фрлам цигли и да се борам“, додал тој алудирајќи на познатата тактика на фрлање цигли врз полицијата во насилните протести низ светот.

Тој објаснил дека е во контакт со радикални левичарски групи низ светот за да организираат насилни протести, како тие на „жолтите елеци“ во Франција (иако француските „жолти елеци“ се идеолошки разновидни), во случај Сандерс да изгуби и претседателот Доналд Трамп да добие уште еден мандат.

„Јас едноставно ќе се вооружам. Сакам да научам да пукам и да одам да вежбам. Спремен сум. Спремен сум за ебена револуција, брате“, изјавил активистот на Сандерс.

„Богатите на гилотина“, додал тој. А потоа преминал во одбрана на Советскиот Сојуз и неговите озлогласени гулази, системот на работни логори во кои меѓу 1930 и 1953 биле затворени околу 18 милиони луѓе, од кои 1,5 до 1,7 таму и умреле поради нехуманите услови и тешката принудна работа.

Вајсгербер очигледно мисли дека гулаг треба да се отвори и во САД и да се испратат републиканците на Трамп во него: „Она што ќе ни помогне е да ги испратиме сите републиканци во логори за реедукација“.

„Гулагот бил формиран како реедукациски логор... Првиот гулаг бил отворен... си слушнал ли за Беломорканал? Луѓето доаѓале од Америка за да работат на Беломорканал, за советски проект, за комунистички проект. Тоа е прекрасно нешто“, го искажал својот восхит овој млад американски комунист. Инаку, станува збор за проект за изградба на канал на кој наводно умреле меѓу 12 и 25 илјади присилни работници од гулазите.

„Ги научив овие срања дури кога почнав да го изучувам Советскиот Сојуз на факултет. Советскиот Сојуз не бил ужасен. Мислам, за женските права Советскиот Сојуз бил најпрогресивното место во светот“, кажал тој.

Тој ја пофалил и пушката АК-47, позната како „калашњиков“, како триумф на советската воена технологија и „разурнувач на империјализмот и колонизацијата“. „Советите ја направиле ебено најжестоката, најефикасна пушка во светот“, се восхитувал Вајсгербер.

Тој ја изнел и идејата едноставно „да се укинат Сенатот и Претставничкиот дом (на Конгресот), правосудната гранка и да им ги препуштиме на некој како Берни Сандерс и неговиот кабинет сите одлуки за климата“.

Проџект веритас, треба да се истакне, е прилично контроверзна организација. Некои нивни претходни акции на тајно снимање на демократски активисти, политичари и државни службеници се критикувани поради селективното едитирање и вадење од контекст со цел ширење на теории на заговор. Тројца професори од универзитетот Харвард ги прогласија за „десничарска платформа за дезинформирање“.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе