Лажна тревога во Сирија

Активиран сирискиот антиракетен систем, Пентагон: Не пукавме ние (ВИДЕО)

Сириските сили реагирале на воздушен напад врз Хомс, чија цел била да ја погоди воздухопловната база Шајрат, јави сириската телевизија. Сириски воени извори, пак, велат дека одбранбениот систем во Хомс бил случајно активиран.

Сириската противвоздушна одбрана доцна во понеделникот соборила ракети упатени кон сириската воздушна база Шајрат во провинцијата Хомс и врз уште една база северозападно од главниот град Дамаск, јавија сириската државна телевизија и проиранските медиуми на Хезболах.

Државната телевизија прикажа слики од проектили што биле погодени во воздухот над воздухопловната база само неколку дена по нападите на САД, Велика Британија и Франција врз сириските цели во знак на одмазда за наводниот хемиски напад врз градот Дума кај Дамаск.

Портпаролот на Пентагон рече дека во тоа време и во таа област немало воени активности на САД.

Запрашан за ракетниот напад, израелски воен портпарол рече: „Ние не коментираме такви информации.“

Според сириската телевизија, ракетите биле соборени од државните сили за одбрана.

Сириските медиуми не наведоа кој би можел да ги испука овие проектили.

Запрашан за наводите за напад врз ракетата врз воздушната база Шајрат во сирискиот регион Хомс, Пентагон рече:

„Во тоа време немаше американска воена активност во таа област“, пренесе агенцијата.

Сириски воени извори, пак, ги негираа информациите за раноутрински ракетен напад врз авионската база Шајрат и за новинската агенција ДПА рекоа дека системите за одбрана биле активирани, но дека тоа се покажало како лажен аларм.

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе