Брегзит

Ако не сакате да заминеме без договор, ќе мора да поддржите некој договор, им рече Меј на пратениците (ВИДЕО)

Вечерашново гласање не го менува основниот проблем, им рече британската премиерка Тереза Меј на пратениците откако тие тесно изгласаа ЕУ да не се напушта без договор. Ако не сакате да заминеме без договор, ќе мора да поддржите некаков договор, им рече таа.

Меј рече дека таа ветила гласање за одложување на членот 50, кое треба да се случи утре.

„Ако пратениците наскоро најдат начин да поддржат некаков договор, тоа ќе ѝ овозможи на владата да побара кратко, техничко одложување на членот 50, за да се добие време да се усвои потребната легислатива и да се ратификува договорот што го постигнавме со ЕУ“, рече Меј.

„Но сакам да бидам јасна, такво кратко техничко одложување е веројатно само ако имаме договор. Затоа, пратениците мора да сфатат и да прифатат дека ако не се спремни во наредниве денови да гласаат за договор, и ако не сакаат да заминеме без договор на 29 март, тогаш тоа ќе значи дека ќе ни треба многу подолго одложување на членот 50. Таквото одложување несомнено ќе значи дека Обединетото Кралство ќе учествува на европските парламентарни избори во мај 2019“, рече Меј.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе