Ако не добијат ни Ф-16 од Американците, Турците ќе купуваат руски „сухои“

Официјална Анкара би можела да купи руски борбени авиони од последната генерација, кажа денес шефот на Дирекцијата за одбранбената индустрија на Турција Исмаил Демир.

EPA-EFE

Тој тоа го изјави среде преговорите со Соединетите Американски Држави за потенцијално купување ловци Ф-16 и модернизација на 80 турски борбени авиони.

Турција беше исфрлена од програмата на борбениот авион Ф-35 поради набавката на рускиот противвоздушен ракетен систем С-400, а актуелните преговори за добивање Ф-16 се обид за компензација за парите кои Анкара ги има вложено во таа програма, потсетува Дифенс пост.

Демир порача дека доколку Турција не успее да постигне договор со САД околу Ф-16, ќе биде спремна за купување руски сухои Су-35 и Су-57.

„Ако САД не го одобрат договорот за Ф-16, по ситуацијата со Ф-35, Турција нема да има друг избор. Прашањето за Су-35 и Су-57 може повторно да се отвори кога било“, ја пренесе турската национална телевизија изјавата на Демир.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера објави дека САД би можеле на Турција да ѝ продадат ловци Ф-16, откако ја исклучија од програмата за развој на ловецот од петтата генерација Ф-35, поради набавката на рускиот С-400.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе