Според албанскиот министер за надворешни работи

„Ако ја исклучат Приштина од балканскиот Шенген, Албанија веднаш се повлекува“

Албанија ќе се повлече од балканскиот „минишенген“ доколку Приштина не биде вклучена во таа соработка, рече албанскиот министер за надворешни работи Гент Цакај.

„Премиерот Рама имаше суштински услов, кој не е предмет на преговарање, а тоа е дека ако Косово биде исклучено од таа соработка, Албанија веднаш ќе се повлече“, рече Цакај во интервју за КТВ.

Според Коха диторе, тој истакнал дека „Косово е црвената линија за Албанија во односите со Западен Балкан“.

Цакај додал дека принципот на Албанија е дека „во никој случај не треба да се донесуваат одлуки за олеснувања без вклучување на Косово“.

Цакај исто така смета дека треба да се смени терминот „минишенген“.

„Тоа беше трилатерална средба на Еди Рама, Александар Вучиќ и Зоран Заев, по претходните состаноци. Наскоро се очекува да имаме состаноци со Црна Гора и Хрватска, со Хрватска и Косово, и така натаму. Тоа нема да биде трилатерална иницијатива“, тврди Цакај и додава дека Приштина, Подгорица и Сараево се поканети да се приклучат на иницијативата.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе