Акјуведер објави прогноза за летото: Големи горештини на Балканот

Најпознатата светска метеоролошка служба Акјуведер објави летна прогноза за цела Европа. Наведува дека Португалија, Шпанија и Италија ги чека многу врел период со многу „кревања и падови на температурата“ во текот на целата сезона.

Фото: Роберт Атанасовски

Секој топлински бран во областа ќе трае недела до две и ќе се карактеризира со рекордни температури, но тие би требало да бидат прекинувани со бавни бури, кои ќе доведат до пад на температурите и до врнежи.

Јужниот дел на Европа го очекува рекордна топлина, со повремено невреме. Слично како и минатото лето, градовите низ Балканот и годинава може да очекуваат повеќе денови со температури над 32 Целзиусови степени.

Во 2021 година во Букурешт се забележани 35 дена со температури од или над 32 Целзиусови степени. Слично беше и со Атина, во која имаше 67 дена со температура од најмалку 32 степени, што е многу над вообичаениот просек од 46 дена.

Метеоролозите на Акјуведер годинава предвидуваат дека температурите ќе надминат 32 степени меѓу 31 и 38 дена во Букурешт и меѓу 55 и 63 во Атина.

Топлите периоди ќе бидат придружени со суши, иако тие годинава би требало да бидат поблаги од 2021 година.

Во втората половина на летото би требало да има повеќе грмежи отколку во првата. Сепак, веројатно нема да бидат доволно распространети за да ги надминат проблемите до кои ќе доведе периодот на суша.

Акјуведер наведува дека грмотевиците би можеле да бидат меч со две острици, во смисла дека до одреден степен ќе го ублажат периодот на суша, но ќе предизвикаат тешки временски непогоди, вклучително и бури, кои може да ги оштетат посевите на пченицата и пченката.

Летните горештини не би требало толку силно да го погодат северниот дел на Европа колку јужниот дел, велат метеоролозите.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе