Акција на косовските специјалци на северот на Косово, апсења поради убиството на Ивановиќ (ВИДЕО)

Утринава околу 5.50 се случил упад на повеќе од 25 оклопни возила и џипови на РОСУ и околу 100 припадници на оваа специјална единица на северот на Косово, јавуваат српските медиуми.

Косовската полиција соопшти дека е уапсен полицаец поврзан со убиството на Оливер Ивановиќ и уште еден осомничен кај кого било најдено оружје.

Во соопштението на косовската се потврдува дека во раните утрински часови на северот на Митровица полицијата спровела акција во врска со убиството на Оливер Ивановиќ.

„Оваа полициска акција е извршена врз основа на налогот за претрес кој го издаде основниот суд, специјалниот оддел, а кој резултираше со апсење на осомничен полицаец вклучен во налогот за претрес“, се наведува во соопштението.

Се додава дека се трага по друг осомничен полицаец.

„Во текот на полициската акција уапсен е уште еден осомничен кај кого е пронајдено оружје. Во операцијата се најдени и запленети уште две парчиња оружје и муниција“, се истакнува во соопштението.

Директорот на Канцеларијата на српската влада за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ кажа дека во акцијата на РОСУ биле уапсени Василије Бојиќ и Раде Басара.

Тој кажа дека целта на РОСУ е протерување на Србите од Косово.

„Целта е јасна – заплашување и бркање на Србите. Ова е уште еден во низата обиди да им се направи животот на Косово невозможен на Србите, да го криминализираат северот, да се криминализираат Србите, да се обвинат за најголемите и најстрашните злосторства, но и Србите да се обвинат за убиството на Оливер Ивановиќ“, кажа Ѓуриќ.

Тој истакна дека упадот на РОСУ е директно играње со мирот во јужната српска покраина бидејќи, како што кажа, знае дека припадници на РОСУ се поранешни припадници на УЧК.

РТС јавува дека во северниот дел на Косовска Митровица е мирно и дека луѓето се посветени на своите обврски. Се наведува дека нема знаци дека полицијата спровела акција, а полициските специјалци се повлекле во јужниот дел.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе