Ајнштајновите дневници откриваат дека славниот физичар бил расист

Веројатно најголемиот научник на сите времиња и познат хуманист имал расистички ставови, откриваат неговите приватни патни дневници.

Неодамна објавените патни дневници на Алберт Ајнштајн ги откриваат неговите расистички и ксенофобни ставови. славниот физичар патувал по Азија и Блискиот Исток од есента 1922 до пролетта 1923 година, и во своите патни дневници изнел негативни генерализации за големи групи луѓе, како на пример Кинезите, кои ги сметал за „ограничени“ и „валкани“, јавува Би-би-си.

Ајнштајн во подоцнежниот живот се залагал за граѓанските право во Соединетите Држави, при што расизмот го нарекол „болест на белите луѓе“.

Расистичките цитати на славниот научник се објавени во книгата „Патните дневници на Алберт Ајнштајн: Далечниот Исток, Палестина и Шпанија, 1922-1923“ во издаение на Принстон јуниверзити прес, а уредник на книгата е Зеев Розенкрац, помошник директор на проектот Ајнштајн пејпер во Калтех, американскиот универзитет каде Ајнштајн работел во САД.

Ајнштајн во наведениот период патувал од Шпанија преку Блискиот Исток и Шри Ланка (тогашен Цејлон) кон Кина и Јапонија.

Своето пристигнување во египетското пристаниште Порт Саид Ајнштајн во дневниците го опишува како средба со „Левантинци од сите бои... како да се излезени од пеколот“, кои се качувале на бродот со кој пловел и им продавале стока на патниците.

Физичарот со не баш убави зборови ги опишал и луѓето што ги видел на Цејлон: „Живеат многу валкано и во значителна смрдеа. Малку работат, но малку и им е потребно“.

Сепак, најлошите коментари Ајнштајн ги зачувал за Кинезите.

Кинеските деца ги опишал како „млитави и ограничени“, и сметал дека „би било штета доколку Кинезите ги заменат сите останати раси“.

Понатаму во дневниците Ајнштајн Кинезите ги опишува како „необична нација слична на стадо“, која „повеќе личи на автомати отколку на луѓе“. Тврдел дека се „мали разликите“ меѓу кинеските мажи и жени, и се прашувал зошто мажите во Кина се „неспособни за одбрана“ од женската „фатална привлечност“.

Ајнштајн е познат не само како еден од најбрилијантните научници на сите времиња туку и по својот хуманизам. Во 1933 година Ајнштајн емигрирал во САД кога во Германија почнал подемот на Адолф Хитлер и неговите нацисти.

Во говорот што го одржал во 1946 година на универзитетот Линколн, Ајнштајн расизмот го опишал како „болест на белите луѓе“.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе