Ајкули во Малезија заболеле од кожна болест поврзана со зголемување на температурата на морето

Морски биолози го испитуваат мистериозното кожно заболување кое ја погодува бело-опашестата гребенска ајкула во Малезија, а раните извештаи сугерираат дека зголемувањето на температурата на морето е одговорно за појавата на оваа болест.

Screenshot

Наречени по карактеристичните бели врвови на перките, овие гребенски ајкули обично одмараат во близина на гребенот преку ден и се атракција за нуркачите. Ноќе, стануваат активни во лов на ситни риби и други морски животни.

За време на едно нуркање, подводен фотограф снимил примерок од бело-опашеста ајкула во близина на островот Борнео, а на сликите што ги објавил на социјалните мрежи уште во април, се гледаат необични дамки и лезии во пределот на главата.

Набргу по објавата, нуркачите направиле уште фотографии околу островот Сипадан, предупредувајќи ги експертите од државните универзитети и владините групи за зачувување на флората и фауната, кои заклучиле дека станува збор за болест на кожата.

Во обид да ја откријат причината за болеста, тимот откри дека температурата на површината на морето околу Сипадан во мај се искачи на 29,5 степени Целзиусови, што е за степен повеќе отколку во 1985 година.

„Скоро сигурно можеме да ги поврземе затоплувањето на површината на океаните и појавата на кожната болест кај ајкулите во водите околу Сипадан“, рече Дејвис Остин Спиџ, морски биолог од непрофитната група за заштита на корални гребени Риф Гардијан.

Тој го исклучи човечкиот фактор, објаснувајќи дека Сипадан е заштитено морско добро во кој риболов е строго забранет, и во близина нема населени места или какви било индустриски капацитети.

Извештаите за појавата на оваа болест се совпаѓаат со податоците за белеење на коралите во оваа област, според Мохамед Дин, професор на Факултет за ветеринарна медицина Путра Малезија, специјализиран за морска флора и фауна.

Дин додава дека не може да се игнорира фактот дека во океаните се случуваат разни промени поради зголемувањето на температурите, но додава дека треба да се направат понатамошни целосни научни студии.

Во мај, членови на истражувачки тим во соработка со нуркачи се обиделе, но не успеале да фатат ајкула за да обезбедат примероци за тестирање, рече Мабел Манџаџи-Матсумото, виш предавач на Институтот за морски истражувања на Универзитетот Малезија Сабах.

„Ако успееме да добиеме примероци од ткиво на ајкула, сигурно ќе можеме барем да ја откриеме патогената причина за лезиите“, рече Манџаџи-Матсумото, додавајќи дека тимот планира уште еден обид во јули.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе