Русија и Украина вчера меѓусебно се обвинуваа за најмалку дваесетина експлозии во украинската нуклеарна централа Запорожје, која е под контрола на Русија од почетокот на инвазијата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика НАТО да ја гарантира безбедноста од „руска саботажа“ на нуклеарните објекти. Шефот на руската државна агенција за нуклеарна енергија Росатом кажа дека за неделното гранатирање разговарал со Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) и кажал дека постои ризик од нуклеарна несреќа.
Нивото на радијација останува нормално и нема извештаи за жртви, соопшти ИАЕА.