Афроамериканка доби 300.000 долари поради полициска бруталност

Судот во американската држава Вирџинија пресуди во корист на Афроамериканка што тужеше полицаец поради прекумерна употреба на сила, откако при сообраќајна контрола била принудена да лежи со лицето на тротоарот, и поради тоа ќе добие надомест од 300.000 долари.

Фото: Пиксабеј

Инцидентот се случи на 12 февруари 2015 година, кога Моника Кромарти била запрена поради брзо возење.

Таа излегла од автомобилот за да протестира дека ја запреле, но ја послушала наредбата на полицаецот Брајан Ли Билингс кога ѝ рекол да се врати во автомобилот, пренесе АП.

Според неа, Билингс ѝ рекол да го спушти прозорецот, а таа му рекла да ја остави на мира, додека преку телефон му се жалела некому дека ја запреле.

Неколку секунди подоцна, како што рече, полицаецот ја извлекол од автомобилот и ја принудил да легне на земја, а потоа со цела тежина ѝ легнал врз грбот, нанесувајќи и повреди на челото, усната, забите, десната веѓа и двете колена. Потоа ѝ ставил лисици на рацете и околу нозете.

Речиси целиот инцидент е снимен од полициска камера, која подоцна била користена во две судења.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе