Африкански астронаут загина во сообраќајна несреќа пред првиот лет во вселената

Мандла Масеко е првиот Јужноафриканец кој доби можност да патува во вселената, но загина во сообраќајна несреќа, јави Би-би-си.

Семејството Масеко потврди дека Мандла Масеко трагично загина во несреќа на мотоцикл во саботата вечер.

Во 2013 година, како член на Јужноафриканските воздухопловни сили, тој победил на натпревар во кој учествувале милион кандидати освојувајќи едно од 23-те места во американската вселенска академија.

Мандла Масеко (30) себе си се опишувал како типичен млад човек од Преторија.

Во вселенскиот центар Кенеди на Флорида поминал една недела на подготвителни тестови за еден час долг орбитален лет, првично закажан за 2015 година.

Масеко, наречен Афронаут или Спејсбој, кажал дека сака да направи нешто што ќе ги мотивира и инспирира младите луѓе во Африка и ќе докаже дека можат да постигнат што и да било без оглед на нивното потекло.

Тој за Би-би-си рече дека планирал да ги повика од вселената. „Се надевам дека ќе имам една изрека што ќе се користи во идните години - како што направи Нил Армстронг“, кажа тој.

Американскиот астронаут Нил Армстронг, кој почина во 2012 година на возраст од 82 години, беше првиот човек кој некогаш одеше на Месечината во 1969 година.

Како што зачекори на површината на Месечината, тој славно рече: „Мал чекор за човекот, но голем за човештвото“.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе