Африка стаписана од ненадејното и вулгарно внимание на Трамп

Африканците се разбудија денес за да откријат дека претседателот Доналд Трамп конечно се заинтересирал за нивниот континент. Но, не е она за што се надеваа.

Користејќи вулгарен говор, Трамп во четвртокот се запраша зошто САД би прифатиле уште имигранти од Хаити и „посраните земји“ од Африка, наместо од места како Норвешка, при одбивањето на двопартискиот договор за имиграција.

Континенталното тело на Африканската унија соопшти дека е „искрено вознемирено“ од коментарите на Трамп, пренесе Асошиетед прес.

„Со оглед на историската реалност за тоа колку Африканци пристигнале во САД како робови, оваа изјава е наспроти сите прифатени однесувања и практики“, рече портпаролката на АУ, Еба Калондо. „Ова е особено изненадувачко бидејќи Соединетите Американски Држави и понатаму остануваат глобален пример за тоа како миграцијата раѓа нација изградена врз силни вредности на разновидност и можност.“

Африканските влади брзо се најдоа во непријатна положба. Како најголеми приматели на помош од САД, некои се двоумеа дали да ја загрозат критикувајќи го Трамп, особено затоа што неговата администрација бараше да се скрати помошта за странство.

„Освен ако не беше конкретно кажано за Јужен Судан, немаме ништо што да кажеме“, изјави портпаролот на владата на Јужен Судан Атени Век за Асошиетед прес.

Африканските медиуми и младите, кои сѐ повеќе се поврзани беа помалку срамежливи.

„Кежуал петок во Белата куќа наскоро ќе вклучува капуљачи и тики факели со ова темпо“, напиша јужноафриканскиот медиум Дејли Маверик.

„Добро утро од најголемата и најубавата ‘посрана земја’ во светот!“ напиша на Твитер презентерката на јужноафриканската радиодифузна корпорација Лиан Манас.

„Како некој од Јужна Посрана, Тревор е длабоко навреден од забелешките на претседателот“, објави на Твитер Дејли Шоу за својот домаќин роден во Јужна Африка Тревор Ноа.

Во Кенија, економскиот центар на Источна Африка, политичкиот активист Бонифас Мвани се изјасни: „Ве молам, не ги мешајте #посраните лидери што ние Африканците ги избравме со нашиот прекрасен континент“.

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе

Сознанијата за степенот на местенки во судството неминовно го наметнува прашањето дали има местенки и во високото образование.

повеќе