Од официјалната бројка, 68.323.000 заразени лица се сметаат за излекувани.
Официјалниот број на заразени не го одразува реалниот број на заразените, бидејќи многу земји ги тестираат само пациентите на кои им е потребно болничко лекување.
Соединетите Држави, каде што првиот смртен случај беше регистриран во почетокот на февруари 2020 година, се најпогодени од вирусот. Во таа земја починаа 498.901 лице, а заразени се 28.134.275 лица.
По САД, најпогодени земји се Бразил (246.504 починати и 10.168.174 заразени), Мексико (180.107 починати и 2.041.380 заразени), Индија (156.385 починати и 11.005.850 заразени) и Велика Британија (120.580 починати и 4.115509 заразени).
Европа има 829.710 починати и 36.546.417 заразени лица, Латинска Америка и Карибите имаат 659.523 починати и 20.748.236 инфекции, САД и Канада 520.560 починати и 28.979.364 заразени, Азија 251.882 починати и 15.910.075 заразени лица, Блискиот Исток 102.484 починати и 5.286.266 заразени лица, Африка 101.264 починати и 3.829.663 заболени лица и Океанија 947 починати и 31.975 заразени лица.
Франс прес прави дневен биланс врз основа на државните податоци од земјите низ светот и информациите од Светската здравствена организација.