Аеродромот во Хонг Конг преплавен од демонстранти ги откажа летовите (ФОТО+ВИДЕО)

Аеродромот во Хонг Конг денеска откажа повеќе од 100 летови, откако илјадници демонстранти го преплавија транспортниот центар, еден од најпрометните во светот, во знак на гнев поради реакцијата на полицијата на протестите минатата ноќ.

Откажувањето на повеќе од 100 летови беше јасен знак за моќта на протестите во нарушувањето на најосновното функционирање на азискиот финансиски центар. Аеродромот е клучна врзна точка на воздушните патувања низ Азија.

Демонстрантите се собираа во текот на целиот ден, а на крај ја наполнија салата за пристигнувања, пред повеќе демонстранти да се качат во салата за заминувања.

Денешниов протест делумно е продолжение на она што првично беше тридневна седенка на антивладините демонстранти на аеродромот. Тој протест почна во петокот и беше во голема мера мирен.

Најновиот протест се случи по ноќта во која полицијата фрлаше солзавец во подземна станица и ги нападна демонстрантите на ескалаторот во друга станица. Многу демонстранти беа лути поради тоа што една демонстрантка беше погодена со проектил во окото.

Аеродромот во соопштението рече дека ги откажал сите летови и ги приземјил сите авиони, освен оние што веќе биле чекирани или биле во воздух и на пат кон Хонг Конг.

Во соопштението се вели дека работењето било „сериозно нарушено како резултат на денешниот јавен собир на аеродромот“.

Ноел Це, 29-годишна медицинска сестра, рече дека се приклучила на седенката на аеродромот затоа што сметала дека полицијата дејствувала со прекумерна сила против демонстрантите во неделата вечер.

„Како жител на Хонг Конг, за мене овој инцидент повеќе не е политичко прашање“, рече Це. „Тоа е битка помеѓу исправното и погрешното“.

Таа ја критикуваше полицијата дека фрлала солзавец во метростаницата и опасно ги бркала демонстрантите по ескалаторот. „Беше речиси како стампедо“.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе