Адвокатот тајно ги снимал разговорите со Трамп

Поранешниот адвокат на претседателот на САД Мајкл Коен воочи изборите тајно ги снимал разговорите со Доналд Трамп за исплатата на поранешниот модел на Плејбој Карен Мекдугал.

Нејзе ѝ се дадени пари за да молчи за наводната афера со Трамп.

Овие снимки се пронајдени при претресот на куќата на Коен на почетокот на оваа година, а како пренесуваат американските медиуми, направени се два месеци пред изборите, пренесе Би-би-си.

Министерството за правда ги следи наводите за поткуп на жените кои тврдат дека имале афера со Трамп, а Коен е под истрага за измама околу плаќањето данок и можно прекршување на законот за изборите.

Адвокатот на Коен кажа дека е доволно да се рече, дека кога ќе се објават откриените снимки, на неговиот клиент нема да му биде нанесена штета.

Воочи изборите Мекдугал за 150.000 долари ја продала приказната за наводната афера на весникот Нешнел енквајер, чиј сопственик е близок пријател на Трамп.

Меѓутоа, таа не ги продала само правата на приказната, туку со тоа ѝ е забрането и јавно да зборува за наводната афера.

Меѓутоа, бидејќи приказната не е објавена, Мекдугал изјавила дека била измамена.

Адвокатот на Трамп, Руди Џулијани за Њујорк тајмс изјави дека Трамп и Коен разговарале за исплатата на Мекдугал, но дека парите никогаш не биле префрлени на нејзина сметка, како и дека самата снимка претставува „моќен ослободувачки доказ“.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе