Адвокатот на Караџиќ: Имаме нови докази, ќе бараме ново судење

Одбраната на поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ се спрема на крајот на оваа или на почетокот на 2020 година да поднесе барање за повторени судење поради нови докази.

Ова за руската агенција ТАСС го изјави Горан Петронијевиќ, еден од адвокатите на Караџиќ.

„Спремаме барање за повторно судење. Ревизијата е можна ако одбраната или обвинителите наидат на нови докази или факти кои не им биле познати на адвокатите на обвинението или на одбраната во време на изрекувањето на пресудата на првостепениот или второстепениот суд, а кои би можеле сериозно да влијаат врз судската пресуда“, кажа Петронијевиќ.

Тој кажа дека одбраната поседува „сериозен пакет документи добиени од обвинителите во времето кога веќе било доцна да се користат во процесот“, и додаде дека „95 отсто од сите докази биле во посед на обвинителите“.

„Тие имаа обврска да ни ги предадат нам, но, кога тоа конечно го направија, беше предоцна, немаше шанса да ги искористиме тие докази при судењето“, наведе адвокатот на Караџиќ.

Тој оцени дека не постои краен рок за одбраната да поднесе барање за ревизија на процесот.

„Ќе се обидеме да ја анализираме пресудата што е можно побрзо, ќе ги анализираме и дополнително добиените докази. Но, нема да можеме да го завршиме тој процес пред крајот на оваа или почетокот на следната година“, кажа Петронијевиќ и додаде дека одбраната има неколку илјади документи кои треба да ги анализира.

ТАСС потсетува дека Караџиќ во Хашкиот трибунал од март 2016 година беше осуден на 40 години затвор, пред сѐ поради масакрот во Сребреница, за по жалбата на одбраната на 20 март годинава пресудата да биде сменета во доживотен затвор.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе