Адвокатка: Навални е многу слаб, тешко седи и зборува, итно треба да се префрли во цивилна болница

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е многу слаб и лошо е третиран во болницата за затвореници заболени од туберкулоза каде што е сместен, предупредија денеска неговите адвокати и побараа да биде префрлен во Москва.

Фото: ЕПА

Жестокиот критичар на Кремљ, кој престана да јаде пред три недели, се наоѓа во болница од неделата вечер во градот Владимир северо-источно од Москва. Неговите соработници тврдат дека би можел да умре во секој момент.

„Тој е многу слаб, тешко седи и зборува“, им рече на новинарите неговата адвокатка Олга Михаилова, тврдејќи дека „не добива соодветна медицинска нега“.

Таа побара веднаш да биде пренесен во цивилна болница во Москва за да не умре.

Неколку часа порано, неколку лекари, предводени од Анастасија Василијева, лична докторка на 44-годишниот Навални, биле протерани од болницата без да им биде дозволено да го видат, како и секојпат дотогаш.

Василијева предупреди дека неговиот живот е во прашање.

Запад врши притисок врз Русија во врска со овој случај, но без резултат. Германската канцеларка Ангела Меркел изрази голема загриженост и изјави дека работи на тоа Навални да добие соодветна нега.

Навални започна штрајк со глад на 31 март, протестирајќи против условите за живот во затворот. Тој ја обвини затворската управа дека не дозволува да го посети лекар, а тој има двојна дискус хернија и го изгубил осетот во рацете и нозете.

Тој е уапсен во јануари кога се вратил во Русија по петмесечното опоравување во Германија од труење, за што го обвинува рускиот претседател Владимир Путин.

Тој е осуден на две и пол години затвор за измама во 2014 година, но тој тврди дека случајот е политички мотивиран.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе