Адвокатка го спомна синот на Трамп на рочиштето за отповикување, Меланија ја нападна

Коментарот за синот на Доналд Трамп, 13-годишниот Барон, искажан за време на сослушувањето за отповикување ги налути републиканците, а особено првата дама Меланија Трамп.

Памела Карлан, професорка по право на универзитетот Стенфорд, се обиде да ја истакне разликата помеѓу монархијата и демократските влади кога го спомна синот на Трамп.

„Претседателот може на својот син да му го даде името Барон, но не може да го прогласи за барон“, рече Карлан, играјќи си со зборови.

Сопругата на претседателот, Меланија веднаш ја нападна Карлан на Твитер.

„Малолетно дете заслужува приватност и треба да биде надвор од политика“, напиша првата дама, инаку многу воздржана на јавни настапи, велејќи дека Памела Карлан може да се засрами.

Додека претседателот е исклучително активен на Твитер, неговата сопруга многу ретко ја користи таа социјална мрежа за да ги искаже своите критики.

Портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам, исто така, се огласи: „Најлошо е што ова е очигледно претходно извежбано“.

Конзервативните новинари и коментатори исто така ја искористија оваа социјална мрежа за да ја осудат Карлан, но и демократската истрага за отповикување на Трамп.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе