Администрацијата на Трамп го намали статусот на дипломатите на Европската унија

Американската администрација го намали статусот на дипломатите на Европската унија во Вашингтон, без да го извести Брисел за тоа, посочија европските официјални претставници.

Промената во протоколот значи дека ќе биде помалку веројатно дека дипломатите на ЕУ во Вашингтон ќе бидат повикани на настани од висок профил и дека ќе бидат помалку важни отколку во времето на поранешниот претседател Барак Обама.

Европските пратеници на погребот на поранешниот американски претседател Џорџ Х. В. Буш на 5 декември биле последни повикани да оддадат почит, како што забележа Дојче Веле.

Портпаролката на Комисијата потврди дека американскиот протокол неодамна го сменил редот на првенство на дипломатскиот список, без да навлегува во детали.

„Моментално зборуваме со надлежните служби во администрацијата за можните импликации за европска делегација во Вашингтон“, рече таа.

Уште двајца дипломати на ЕУ го потврдија новиот статус, а едниот тврди дека се малку веројатни повратни акции со цел да се зачуваат добрите односи.

Американските дипломати, како што објави Ројтерс, не ги коментираа новите протоколи.

Трамп честопати го покажуваше својот негативен однос кон ЕУ и отворено ја поддржа намерата на Британија да го напушти најголемиот европски политички и економски блок.

Сепак, САД и ЕУ имаат најголеми билатерални трговски врски, а американските инвестиции во ЕУ за трипати ги надминуваат оние во Азија.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе