ИЗДАДЕНА ДИРЕКТИВА

Администрацијата на Трамп го забрани „Касперски“: Загрижени поради руската разузнавачка агенција

Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп им наложи на владините агенции во земјата да ги отстранат производите од „Лабораторијата Касперски" од своите информационии системи, наведувајќи дека е загрижена дека оваа компанија за сајбер безбедност, со седиште во Москва, подлежи под влијание на Кремљ.

Министерството за внатрешна безбедност на САД во средата издаде директива до агенциите во која им е наложено да ги идентификуваат производите „Касперски“ во своите информациони системи во рок од 30 дена, да направат планови за отстранување и прекинување на употребата на производите во рок од 60 дена, а во рок од 90 дена да почнат и да ги реализираат плановите за престанок на употребата на овие производи.

„Министерството е загрижено поради поврзаноста на одредени официјални лица на Касперски и на руската разузнавачка и други владини агенции, како и поради нормите според рускиот закон, што им овозможува на руските разузнавачки агенции да бараат или принудно да изнудат помош од Касперски и да пресретнат комуникации што поминуваат низ руските мрежи,“ се наведува во соопштението на министерството, пренесе Ројтерс.

Британската агенција наведе дека од „Касперски“ не одговориле веднаш на барањето за коментар.

Оваа компанија во повеќе наврати негираше дека има врска со било која влада и дека не би ѝ помагала на владата во сајбер шпионажи.

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе

Добронамерниот дијалог – поточно способноста да се види светот преку очите на други луѓе, посебно оние со кои не се согласуваме – никогаш не бил поважен од сега.

повеќе

Владата не би смеела самостојно да одлучува за ставање под концесија на минералните суровини како што предвидува постојниот закон.

повеќе