Администрацијата на Бајден не брза да ѝ ги укине санкциите на Венецуела (ВИДЕО)

Американскиот претседател Џо Бајден и неговата администрација не брзаат со укинување на санкциите против Венецуела, но ќе размислат за нивно ублажување доколку дојде до промена во политичкиот наратив на претседателот Николас Мадуро, јавува Ројтерс.

EPA-EFE

Според информациите со кои располага британската агенција, ако Мадуро преземе чекори кои ќе доведат до изградба на доверба, постојат можности Бајден да ги намали санкциите на јужноамериканската држава.

Како што навеле извори од Белата куќа, иако постојат одредени санкции против Венецуела, тие имаат доволно посебни одредби кои овозможуваат испраќање хуманитарна и други видови помош за жителите на Венецуела и совладувањето на пандемијата на коронавирусот, но и на сè поголемите економски проблеми со кои се соочува државата.

Засега, Бајден е спремен да ги држи специфичните санкции кои се однесуваат на нафтениот сектор. Меѓутоа, за разлика од неговиот претходник Доналд Трамп, Бајден ќе настојува да се ангажираат уште неколку земји кои би помогнале во решавањето на проблемите меѓу Венецуела и САД.

„Не брзаме со укинувањето на санкциите. Ако режимот преземе одредени чекори кои би довеле до разговори со опозицијата, ќе размислиме за ублажување на санкциите“, изјавил еден од изворите за Ројтерс.

Исто така, администрацијата на Бајден јасно даде до знаење дека ќе продолжи да го поддржува опозицискиот лидер Хуан Гуаидо како привремен претседател на Венецуела.

Изворите на Ројтерс зборувале и за можна промена на пристапот на Бајден кон „кубанското прашање“.

Како што истакнале, иако промените на пристапот би можеле да имаат позитивен ефект врз геополитичките случувања, тие во моментов не се во фокусот на новата американска администрација, па се истакнува дека владата во моментов мора да се фокусира на пандемијата, економското заздравување и обновувањето на односите со сојузниците во светот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе