Црногорскиот вицепремиер

Абазовиќ: Правдата стигна, нема недопирливи во Црна Гора

Потпретседателот на владата на Црна Гора Дритан Абазовиќ порача денес дека е законот еднаков за сите и ги повика граѓаните на „малку повеќе претпазливост“ кога се во прашање мерките за заштита од коронавирусот.

EPA-EFE

Коментирајќи го апсењето на Сара Радоњиќ, која е симбол на граѓанските протести, кажа дека добил многу повици и пораки и дека му е жал што таа е приведена, по традиционалното пливање по крстот во Подгорица.

„Навистина ми е жал, но законот е еднаков за сите. Жал ми е, ако некој сака ова да го исполитизира, тоа е друга приказна. Госпоѓа Дара е симбол на протестите, жал ми е и ги повикувам граѓаните на малку повеќе претпазливост“, кажа Абазовиќ.

Коментирајќи го барањето на уставниот суд собранието во рок од 15 дена да се изјасни за предлогот за оценката на уставноста на одлуката за образување одбор за сеопфатна изборна реформа, кажа дека никој не може да си игра со волјата на граѓаните, па ни уставниот суд.

„Ако уставниот суд сака да работи неуставно, нека го направи тоа. Можеби владата не може да го спречи во тоа. Но ако уставниот суд сака од јасно мнозинство да направи да исчезне еден пратеник, да бидат 40, тоа нема да се случи. Владата и новото мнозинство нема да се повлечат еден сантиметар од она што се уставни надлежности за спроведување на законите и сите предлагања на законите во согласност со сите процедури“, кажа Абазовиќ.

„Што се однесува до партиските судови, се изнагледавме такви во последните 30 години“, кажа тој.

„Не сакам ова некој да го доживее како некаква закана, но ако некој мисли дека може да си игра со овие 41 пратеник, или со владата или премиерот, или потпретседателот на владата, кој било министер или претседателот на собранието, тоа нема да се случи. Истото важи и за претседателот на Црна Гора. Правдата стигна, таа е бавна но достижна и во Црна Гора повеќе нема недопирливи“, порача Абазовиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе