Црногорскиот вицепремиер

Абазовиќ ја моли ЕУ да помогне Црна Гора да го отплати кредитот на Кина (ВИДЕО)

Потпретседателот на црногорската влада Дритан Абазовиќ побара од Европската Унија помош за отплата на кредитот кој Црна Гора го земала од кинеската Ексим банка за изградба на првиот дел од автопатот Бар-Болјари. „Ве молам да ни помогнете да ги вратиме тие пари, за заемот да го замениме за заем кај некоја европска банка, да склучиме соработка со некоја европска финансиска институција и да го прекинеме кинеското влијание“, кажа Абазовиќ.

EPA-EFE

Тој пред Одборот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) кажа дека долгот кон кина е голем проблем, пренесуваат црногорските медиуми.

Првата делница од автопатот во Црна Гора кој треба да води од Јадранското Море (Бар) до границата со Србија (Болјаре), требаше да биде завршена во мај 2019 година, но поради пробиениот рок е потпишан анекс на договорот за нов рок на 30 септември 2020 година. Ни тој рок, меѓутоа, не е испочитуван.

Како што соопшти владата, новото пробивање на рокот за завршување на изградбата на првата делница од автопатот во Црна Гора од Подгорица до Колашин бара потпишување нов анекс на договорот меѓу црногорската владата и компанијата ЦРБЦ (Чајна роуд енд бриџ корпорејшн) која е главен изведувач на работите.

Договорената цена првично беше 809 милиони долари, а потоа беше зголемена за околу 90 милиони до дополнителна изградба на пристапните патишта кон Подгорица и комуналната инфраструктура со автопатот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе