Абас: „Ќе му речам ‘не’ на Трамп, не сакам да завршам како предавник“

Палестинскиот претседател Махмуд Абас најави дека има намера да ги ревидира договорите потпишани со Израел и дури дека размислува да ги раскине.

Тој повтори дека одбива контакти со САД поради признавањето на Ерусалим само како израелски, објави израелскиот ТВ-канал 10.

Абас за новинарите во Каиро минатата ноќ изјави дека „вратите на палестинскиот народ се затворени за Америка“ и дека „се додека не ги повлече одлуките против палестинскиот народ, ниеден Палестинец нема да се сретне со раководството на САД без оглед на нивната улога, пренесе Тајмс оф Израел.

„Иднината е опасна“ процени 83-годишниот палестински лидер, „немам веќе сила да се борам, но нема да го завршам животот како предавник. Можам да речам ‘не’ на (мировниот договор со САД) и со мене палестинскиот народ, исто така, ќе рече ‘не’“, рече Абас, мислејќи на долгоочекуваниот план на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Тој наведе дека сите договори со Израел се загрозени, вклучувајќи го и мировниот договор од 1993 година потпишан во Белата куќа, како и соработката на основ на безбедноста бидејќи мировниот процес умира.

„Постојат три нешта што не можеме да ги прифатиме: ситуацијата со САД, ситуацијата со Израел и ситуацијата со Хамас“, рече Абас.

Абас отпатува во Каиро за со египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси да дискутира за напорите за помирување на исламскиот екстремистички Хамас и поумерениот Фатах.

Официјалните лица на Фатах го обвинија Хамас дека ги спречиле членовите на Фатах да запалат факел во градот Газа во понеделникот, по повод 54 години од формирањето на партијата.

Хамас и Фатах се борат за власт откако Хамас насилно ја презеде власта во Појасот Газа, победувајќи ги силите лојални на Фатах, кој сега доминира само на останатата палестинска територија на Западниот Брег.

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе