Нова студија

82% од хоспитализираните ковид-пациенти имале недостиг од витамин Д

Истражувачите во Шпанија открија дека 82% од хоспитализираните пациенти со ковид-19 имале недостиг од витамин Д, во нова студија објавена денес. Тие ги проучувале нивоата на витаминот Д кај 216 пациенти примени во болница за лечење од ковид-19 во март годинава, откривајќи дека кај 8 од 10 пациенти имало клинички недостиг од витаминот.

Фото: ЕПА

Трудот објавен денес во „Журнал за клиничка ендокринологија и метаболизам“ разгледувал и контролна група од 197 лица што живееле во иста географска област и биле слични на групата ковид-пациенти според возраста и полот. Од тие луѓе, 47% имале недостиг од витамин Д.

Сепак, важно е да се истакне дека заклучоците од оваа студија се меѓузависни, а не причински - што значи дека не може да се заклучи дека недостигот од витамин Д е директно одговорен за поголемата шанса да бидете хоспитализиран со ковид-19. Сепак, постојат и други докази што сугерираат дека витаминот Д може да биде корисен во заштитата на хоспитализираните лица од непосакуван исход.

Витаминот Д е од суштинско значење за здравјето на коските, но се смета дека има корисни ефекти и врз имунолошкиот систем, а постојат и докази дека доволното количество витамин Д може да даде одредена заштита од инфекции на респираторниот тракт.

Недостигот од витамин Д е чест, а една студија од 2011 година проценува дека 41,6% од возрасните во САД имаат таков недостиг. Сепак, оваа бројка во голема мера варира во зависност од расата: недостиг има кај 82,1% од црните Американци, а кај 69,2% од хиспанските Американци. Витаминот Д може да се произведе природно со изложување на сончева светлина и со консумирање некои видови храна, вклучувајќи риба, јајца и збогатено млеко и растителни замени за млеко.

Минатиот месец студија на истражувачи во Бостон откри дека пациентите над 40 години имаат над 50% помали шанси да умрат од инфекција доколку имаат доволно ниво витамин Д. Сепак, поновата студија од Шпанија не успеа да најде никаква поврзаност на недостигот од витамин Д со сериозноста на болеста. Значи, информациите во врска со каква било корист од витаминот Д за ковид-19 сè уште се непознати.

Во одредени делови на светот, особено онаму каде што има мал број часови со сончева светлина во текот на зимата, лекарите редовно препорачуваат додаток на витамин Д во форма на апчиња.

Значи, дали сега треба сите да почнат да земаат витамин Д дури и ако не е многу јасно дали може да помогне со ковид-19? Па, не мора, вели Форбс. Важно е да се напомене дека премногу витамин Д може да биде токсичен и исто така може да биде и во содејство со одредени лекови. Значи, ако имате какво било сомнеж, проверете со вашиот лекар дали е препорачливо и безбедно да земате суплементи на витамин Д.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Како што тргнало, на крај, кога ќе го оствариме сонот и конечно ќе влеземе во ЕУ, ќе бидеме нација X, со јазик Y, со националност Z? Кој ќе се радува на тоа?

повеќе

Зошто да не му веруваме на лидерот кој е на чело на колоната запатена кон ЕУ?

повеќе

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија.

повеќе