Меѓу нив криминалци, терористи

800.000 мигранти ќе тргнат кон Италија и Европа

Околу 800.000 мигранти ќе ја окупираат Италија од Либија предупреди денес премиерот на Либија Фајез ал Сарај за Кориере дела Сера, а меѓу нив најверојатно ќе се кријат исламистички терористи.

„Брзо направи нешто“, рече тој, „влошувањето на ситуацијата во Либија би можело да принуди 800.000 мигранти и Либијци да ја окупираат Италија и Европа“.

Меѓу нив, рече тој, би имало криминалци и, пред сè, џихадистите поврзани со ИСИС.

Сарај ѝ се заблагодари на Италија за посредувањето и поддршката на мирот во Либија.

Либискиот командант Калифа Хафтар ја „издаде Либија и меѓународната заедница“ со својата офанзива врз владата поддржана од ОН во Триполи, рече Сарај.

„Нам ни треба Рим и ЕУ да бидат обединети и цврсти во блокирањето на агресијата на Хафтар“, изјави тој за новинарите.

„Ѝ се заблагодарувам на Италија затоа што ја држи амбасадата отворена, за одржување на кампот Мисрата и за политичката поддршка од владата на Конте“.

„Се соочуваме со агресија што може да се рашири како рак во целиот Медитеран“ рече Сарај.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе