„Брзо направи нешто“, рече тој, „влошувањето на ситуацијата во Либија би можело да принуди 800.000 мигранти и Либијци да ја окупираат Италија и Европа“.
Меѓу нив, рече тој, би имало криминалци и, пред сè, џихадистите поврзани со ИСИС.
Сарај ѝ се заблагодари на Италија за посредувањето и поддршката на мирот во Либија.
Либискиот командант Калифа Хафтар ја „издаде Либија и меѓународната заедница“ со својата офанзива врз владата поддржана од ОН во Триполи, рече Сарај.
„Нам ни треба Рим и ЕУ да бидат обединети и цврсти во блокирањето на агресијата на Хафтар“, изјави тој за новинарите.
„Ѝ се заблагодарувам на Италија затоа што ја држи амбасадата отворена, за одржување на кампот Мисрата и за политичката поддршка од владата на Конте“.
„Се соочуваме со агресија што може да се рашири како рак во целиот Медитеран“ рече Сарај.