8 мртви, 6 повредени во напад на универзитет во Русија, студенти скокале од прозорци (ВИДЕО)

Потврдено е дека осум лица загинале, а шестмина се повредени во пукање во кампусот на универзитетот во рускиот град Перм. Сторителот е приведен. Се појавија снимки како преплашените луѓе бегаат од зградата преку прозорците.

Фото: скриншот

Инцидентот се случил на Државниот универзитет Перм, еден од најстарите универзитети на Урал. Социјалниот медиум на училиштето во понеделникот наутро ги предупреди сите што се во кампусот да го напуштат, ако е можно, или да се затворат во соба.

Истражителите велат дека напаѓачот одзел осум животи, а шест лица се повредени.

Во меѓувреме, здравствените власти во Перм соопштија дека има повеќе од 10 жртви во инцидентот.

Видео објавено на социјалните мрежи, направено на местото на настанот, покажува како луѓето бегаат низ прозорците.

На друго видео снимено од внатрешноста на зградата се гледа како вооружено лице облечено во црно и со шлем полека шета низ кампусот додека ужасените луѓе бегаат.

Кризата заврши со апсење на сторителот, објавија универзитетот и полицијата. Според некои медиуми, тој бил повреден од полицијата.

Полицијата соопшти дека пукачот е студент на универзитетот каде што се случија нападите. Според претходни, непотврдени информации, тој е 18-годишниот „осамен волк“ (не ѝ припаѓа на ниедна група), Тимур Бекмансуров, кој наводно оставил белешка во која на социјалните мрежи ги опишува своите мотиви.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе