70 уметници, писатели и глумци апелираа до Путин: На Навални му треба итна медицинска помош

Околу 70 уметници, писатели и глумци го повикаа рускиот претседател Владимир Путин да му овозможи итна медицинска помош на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој штрајкува со глад во затвор.

Фото: ЕПА

Потписниците наведоа дека состојбата на Навални „брзо се влошува и му треба итна медицинска помош“.

„Ве повикуваме, господине претседател, да обезбедите г. Навални веднаш да добие компетентен медицински совет и третман што му е итно потребен - и кој му следува, како и на секој руски граѓанин“, се вели во текстот.

Меѓу потписниците на апелот објавен на веб-страницата на француски Монд се и добитниците на Нобеловата награда за литература Светлана Алексијевиќ, Салман Ружди и Џон Куци, писателите Џоан Роулинг и Арундати Рој, како и глумците Џуд Ло и Ванеса Редгрејв.

Навални од 31 март штрајкува со глад поради лошите затворски услови и ја обвинува затворската управа дека не му дозволува пристап до лекови за дискус хернија. Навални минатата година преживеа труење, поради што беше некое време во кома. Тој за труењето ги обвинува руските власти и безбедносните служби, што тие го негираат.

Беше уапсен во јануари, кога се врати од Германија каде што беше на лекување, и беше осуден на две и пол години затвор под обвинение за измама. Навални тврди дека обвинувањата се политички мотивирани.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе