Една недела од повторното отворање

70 нови случаи на ковид-19 во француските училишта

Само една недела откако една третина француски ученици се вратија на училиште со олеснување на рестрикциите наметнати поради коронавирусот, се појави загрижувачки околу 70 случаи на ковид-19 поврзани со училиштата, соопшти владата.

Фото: ЕПА

Минатата недела на училиште тргнаа ученици од пониските одделенија и дополнителни 150.000 средношколци се вратија на часовите во понеделник, со дополнителното олеснување на ограничувањата. Овој потег првично донесе олеснување: крај на учењето дома за стотици илјади исцрпени француски родители, од кои многумина исто така работат од дома, пренесе Еј-би-си њуз.

Но, францускиот министер за образование Жан-Мишел Бланке алармираше во понеделникот, кажувајќи за француското радио РТЛ дека враќањето ги довело некои деца во нова опасност од зараза. Тој рече дека погодените училишта веднаш се затворени. Француските медиуми објавија дека седум училишта во северна Франција се затворени.

Ситуацијата ја потенцира несигурната состојба во која се наоѓа француската влада која се обидува да ја увери јавноста дека земјата напредува после коронавирусот и да реагира претпазливо со цел заштита на јавното здравје.

Бланкер не прецизираше дали 70 случаи на ковид-19 се меѓу учениците или наставниците.

Со оглед на тоа што периодот на инкубација на вирусот е неколку дена, луѓето „веројатно“ се заразиле пред повторното отворање на училиштата, рече тој.

Минатата недела Франција отвори околу 40.000 предучилишни установи и основни училишта, со настава до 15 ученици.

Околу 30% од децата се вратија на училиште, рече Бланке. Владата им дозволи на родителите да ги чуваат децата дома.

Француските власти забележаа најмалку 142.411 лица заразени со коронавирус и 28.108 смртни случаи.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе