7 израелски полицајци ранети кога автомобил удрил во пункт во Источен Ерусалим, возачот убиен (ВИДЕО)

Автомобил денеска се залета во привремен полициски контролен пункт во населбата Шеик Џарах во Источен Ерусалим, при што беа повредени седум полицајци. Палестинскиот возач на возилото бил застрелан на местото на несреќата.

Фото: ЕПА

Една куќа исто така била оштетена во нападот, а експлозијата запалила неколку автомобили. Нема податоци за човечки жртви.

На видеата објавени на Твитер се гледа автомобил како забрзува и се залетува во група полицајци што стојат пред паркирано полициско возило.

Напаѓачот бил застрелан од полицијата додека сè уште бил во својот автомобил. Тој е опишан како жител на Ерусалим со палестинско потекло.

Во инцидентот има седум повредени полицајци, од полицијата и од граничната служба. За двајца од нив се вели дека се во умерено тешка состојба.

Полицајка исто така добила лесна прострелна рана на ногата, која според медиумите ја добила како резултат на пријателски оган.

Обиди за слични напади во петокот и саботата имаше врз израелските безбедносни сили и на Западниот брег, кои во двата случаи завршија со застрелување на возачите.

Шеик Џарах е токму населбата каде што требаше да се случат иселувања на неколку палестински семејства, што предизвика насилни протести во Источен Ерусалим и сегашната смртоносна размена на оган меѓу Израел и вооружената група со седиште во Газа, Хамас.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе