Во напад на бомбаш-самоубиец

63 мртви, 182 ранети на свадба во Кабул (ВИДЕО)

Најмалку 63 лица загинаа, а 182 се ранети синоќа во напад на бомбаш-самоубиец на свадба во Кабул, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи.

Талибанците негираа дека се одговорни за експлозијата во шиитското предградие во западен Кабул, пренесува Ројтерс.

Нападот се случи во време кога талибанците и Соединетите Држави преговараат за договор со кој се предвидува повлекување на американските сили од Авганистан, за возврат на што талибанците треба да им се посветат на мировните преговори со владата во Кабул.

Медиумите објавија видеа на кои се гледаат телата на жртвите, меѓу превртените маси и столчиња во свечената сала.

На свадбата имало стотици гости, а меѓу убиените има и жени и деца.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе