60.000 луѓе добија наредба за евакуација откако уште една експлозија одекна во хемиската фабрика во Тексас (ФОТО+ВИДЕО)

На десетици илјади жители во Тексас им е наредено да се евакуираат додека пожарникарите се борат со огромниот пожар во хемиската фабрика, по серијата експлозии во објектот.

На сите жители во радиус од шест километри од пожарот во хемиската фабрика ТПЦ груп во Порт Ничес, што избувна рано во средата, им е речено да се евакуираат по наредба на судијата Џеф Браник од округот Џеферсон.

Заедниците погодени од задолжителната наредба за евакуација ги вклучуваат Порт Ничес, Недерленд, Гроувс, Боузертс гарденс, Централ гарденс како и делови од Порт Артур.

Најмалку уште една моќна секундарна експлозија ја потресе фабриката во средата попладне, во тек на напорите да се изгасне пожарот, кој гори повеќе од 12 часа. Падот на запалените делови во објектот претставуваат ризик од дополнителни експлозии, според Мајкл Вајт координатор за управување со вонредни состојби во округот Џеферсон.

Двајца вработени и еден изведувач се повредени во првата експлозија, но сите тројца се пуштени од болница. Според локалните власти, во моментот на инцидентот имало до 27 работници на лице место.

Облакот од црн чад можел да се види на 80 километри до доцна попладнето. На жителите им било советувано да го избегнуваат црниот прав што произлегувал од пожарот, а што можел да се види како лебди во воздухот околу фабриката.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе