60 илјади мажи ги тужеа Американските извидници за злоставување, ќе добијат милионски отштети

Организацијата на американските извидници (БСА) постигна спогодба во вредност од 850 милиони американски долари со групите кои ги претставуваат десетиците илјади мажи кои ја тужеа организацијата за сексуално злоставување, што е важен чекор кон решавање на поплавата од тужби поради кои банкротираше организацијата.

EPA-EFE

Вчера пред американскиот стечаен суд во Делавер БСА соопшти дека спогодбата со Коалицијата на злоставувани извидници за правда и две други групи покрива барања на околу 60.000 извидници кои претрпеле злоставување.

Наведено е дека договорот пружа рамка за глобално решавање на барањата за злоставување и би можел да се спроведе „на крајот на оваа година“ во рамки на законскиот акт за стечај со реорганизација.

„Договорот со овие групи претставува значителна пресвртница затоа што БСА дејствува според нашите двојни императиви правично да ги обештети оние кои претрпеле злоставување и да ја зачува извидничката мисија“, се наведува во соопштението на непрофитната организација основана пред 111 години.

Групите одвоено го нарекоа договорот „значајно достигнување со кое се постигнува консензус“ меѓу повеќето поднесувачи на барања, извидниците и повеќе од 250 месни одбори.

Договорот склучен вчера мора да го одобри судот и би можел да се соочи со противење на осигурителните компании кои ќе треба да ги исплатат парите.

Основани во 1910 година, американските извидници во февруари 2020 поднесоа барање за стечај со реорганизација врз основа на Поглавјето 11, откако беа поднесени стотици тужби за сексуално малтретирање.

Тужбите беа поднесени откако неколку американски држави, вклучувајќи ја Њујорк, почнаа да им дозволуваат на луѓето да поднесуваат тужби за наводните сексуални злоставувања кои се случиле пред децении.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе