500 милиони пчели угинаа од пестициди за 3 месеци во Бразил

Во последните три месеци во Бразил угинале над 500 милиони пчели, јавува Би-би-си.

Само во државата Рио Гранде до Сул биле најдени околу 400 милиони. Научниците сметаат дека масовниот помор бил предизвикан од употреба на пестициди, за кои е докажано дека се штетни за околината.

Пчелите имаат исклучително важна улога во прехранбениот синџир и третина од храната што ја јадеме созрева благодарение на запрашувањето од пчелите.

Поморот на пчелите бил предизвикан од страна на земјоделците кои користат пестициди кои се забранети во Европа, а во себе содржат супстанции како неоникотиноид и фипронил за кои е докажано дека се штетни за пчелите.

Европската Унија затоа минатиот април воведе речиси целосна забрана на употребата на неоникотиноид. Бразил, од друга страна, истата година ги укина сите ограничувања на користењето на тие пестициди, и покрај противењето на еколозите кои ги нарекоа „пакет отрови“.

Употребата на пестицидите, според податоците на организацијата Гринпис, се зголемила во Бразил во последно време, а само во последните три години се регистрирани 193 производи кои содржат хемикалии забранети во ЕУ.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе