40 повредени

5 мртви откако возило упадна на парада во Висконсин (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Најмалку пет лица загинаа, а 40 се повредени откако возило упадна меѓу луѓе на парада во градот Вокеши, во американската сојузна држава Висконсин, соопшти градската управа.

Фото: ЕПА

На видео објавено на социјалните мрежи се гледа црвено теренско возило што јури кон задниот дел на парадата.

Друго видео покажува како полицијата отвора оган врз истото возило додека минува низ уличните бариери.

„Додека поминувавме низ градот, видовме како џипот поминува, стиска гас и со полна брзина удира во парадата. Потоа слушнавме силен тресок, а по тоа заглушувачки врисоци и пискотници на луѓето што беа удрени од возилото“, велат очевидци.

Американските медиуми неофицијално објавија дека осомничениот може да е црнец на доцни 30-ти години со криминално досие поврзано со телесни повреди, семејно малтретирање и несовесно загрозување. Лицето било ослободено со кауција во почетокот на неделата.

Според Си-ен-ен, полицијата го запленила возилото, а осомничениот е во притвор.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе