Во екот на коронавирусна епидемија

45 милиони луѓе во јужна Африка се соочени со глад, ОН доставуваат помош

Агенцијата за храна на Обединетите нации договори хуманитарен коридор за храната да пристигнува во јужна Африка откако многу земји ги затворија границите за да го запрат ширењето на коронавирусот, рече во четвртокот официјално лице.

ООН предупредуваат дека рекордни 45 милиони луѓе низ јужна Африка имаат итна потреба од храна поради разорната суша и двата циклони минатата година, а се очекува ситуацијата да се влоши поради епидемијата на коронавирусот.

Лола Кастро, директорка на Светската програма за храна за Јужна Африка, рече дека Јужна Африка се согласила да ги пушти бродовите што носат храна на нејзините брегови и да ја достави до земјите како Зимбабве, Малави, Боцвана и Намибија, кои се соочуваат со недостиг од храна.

Кастро пред новинарите на видеоконференција рече дека најнапредната економија на Африка, која воведе 21-дневна блокада, се согласила на „хуманитарен коридор“, чекор што ќе ѝ помогне на агенцијата да продолжи со својата работа.

„Во овој момент ние всушност ја одржуваме нашата нормална дистрибуција на храна, но можеби во иднина, во зависност од ефектот на вирусот и ефектот врз системот за храна, особено врз ситните земјоделци... можеби ќе забележиме зголемување на цените и на бројот на луѓето на кои им е потребна помош со храна“, рече таа.

Потребни се повеќе од 400 милиони американски долари за увоз на помош во храна за следните три месеци во јужна Африка, која имаше малку дождови оваа година, рече Кастро.

Африка регистрира повеќе од 6.650 случаи на коронавирус и над 240 смртни случаи, според Ројтерс.

Континентот веќе претрпе огромен економски удар од изолациите чија цел е да се спречи ширењето на вирусот и од остриот пад на глобалната побарувачка за стоки.

Секојдневниот живот е отежнат во многу африкански земји, како резултат на тешките карантини што влијаат врз движењето на населението чиј живот зависи од неформалната трговија.

Зимбабве и Обединетите нации во четвртокот упатија заеднички апел за 770 милиони американски долари хуманитарна помош за да ѝ се помогне на земјата да се справи со сушата и коронавирусот, како и да ги финансира своите сектори за образование и здравство.

Владата, исто така, упати посебен апел за помош од 2,2 милијарди американски долари од странски и домашни донатори.

Министерот за здравство во Јужна Африка, Звели Мкхизе, рече дека бројот на потврдени случаи на коронавирус се искачил на 1.462, што претставува зголемување од 82 од средата, но дека луѓето не треба да бидат залажани со чувство на безбедност поради побавната стапка на пораст во последните денови.

„Сè уште е многу рано... Треба уште да одиме и да наоѓаме сè повеќе луѓе што можат да бидат позитивни во заедницата“, рече тој.

Замбија ја објави првата смрт во земјата од коронавирус.

Малави ги забележа своите први три случаи. Сите три лица се на медицинска нега, а здравствените работници истражуваат со кого контактирале.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе