41 отсто Украинци сметаат дека тие и Русите се еден народ

Повеќе од 40 проценти од Украинците го делат мислењето на рускиот претседател Владимир Путин дека Русите и Украинците се еден народ, дел од еден историски и духовен простор, покажаа резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од социолошката група „Рејтинг“ и објавено вчера на нејзината веб-страница.

Фото: ЕПА

„Четириесет и еден процент од анкетираните Украинци рекоа дека мислат дека Русите и Украинците се еден народ, но 55 отсто од испитаните Украинци, сепак, не го делат ова мислење“, рече анкетарот, пренесува Тасс.

Како што се наведува, резултатите од анкетата се разликуваат во зависност од политичката гледна точка.

Идејата дека Русите и Украинците се една нација ја поддржуваат 65 проценти од испитаниците во источна Украина и 56 проценти во јужна Украина, додека 70 проценти од испитаниците во западна Украина не се согласуваат со овој став.

Анкетата е спроведена од 23 до 25 јули, меѓу 2.500 испитаници во сите украински региони, освен оние што не се контролирани од Киев.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе