4 украински манастири станаа жаришта на ковид-19, не ги почитуваа забраните

Најмалку четири манастири на украинската Православна црква верна на Москва се ставени во карантин во Украина затоа што станаа жаришта на коронавирусот откако ги занемарија рестриктивните мерки воведени за борба против болеста.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, денеска соопшти дека се затвора манастирот во Голосеевскиот кварт на периферијата на Киев, каде што е потврдено дека 12 монаси се заразени со ковид-19.

Во последните неколку недели во карантин се ставени три други манастири, од кои два во украинскиот главен град. Меѓу нив е и познатиот манастир Киевско-печерска лавра, кој се наоѓа во центарот на Киев и каде што се регистрирани 140 заразени со коронавирусот, од кои тројца починаа. Тоа значи скоро половина од членовите.

Наведен е и уште еден голем манастир Почаевска лавра, во западниот регион Тернопил, каде што се потврдени околу 15 случаи на коронавирус.

Православната црква верна на Москва во голема мера ги игнорираше владините мерки за контрола на коронавирусот. Таа е единствената од трите украински цркви што не ги повика верниците да останат дома за Велигден.

Прекршувајќи ги мерките за изолација, повеќе десетици луѓе се собраа да присуствуваат на прославата во манастирот Почаевска лавра и уште 300 во манастирот Свјатогирск, главниот манастир на таа црква во источна Украина, покажаа видеата објавени од медиумите.

„Ние доживуваме бран пропаганда против нашата вера“, изјави за Франс прес надбискупот Климент Вечерија, портпарол на црквата.

Во Украина досега се пријавени 6.592 заразени со коронавирусот, од кои 174 починаа. Владата ги продолжи острите мерки за изолација до 11 мај, во надеж дека ширењето на инфекцијата ќе престане.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе