Есекс, Британија

39 мртви тела најдени во камион од Бугарија, уапсен возачот

Покрената е истрага за убиство откако рано утрово 39 лица биле пронајдени мртви во камион во индустрискиот парк Ватерглајд во Грејс, Есекс.

Службите за итни случаи биле повикани на местото околу 1.40 часот по полноќ откако биле откриени 39-те жртви во камион.

25-годишен маж од Северна Ирска е уапсен под сомнение за убиство, потврди полицијата.

Меѓу жртвите има и еден тинејџер, рече полицијата на Есекс, пренесе Гардијан.

Главниот надзорник Ендру Маринер рече: „Веруваме дека камионот е од Бугарија и дека влегол во земјата кај Холихед (Велс) во саботата на 19 октомври... Го уапсивме возачот на камионот во врска со инцидентот, кој останува во полиција, додека нашата истрага продолжува“.

Поставен е полициски кордон и пристапот до и од индустрискиот парк Ватерглајд останува затворен.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе