300.000 луѓе останале без дом по експлозијата во Бејрут (ФОТО+ВИДЕО)

Околу 300.000 луѓе останале без дом по експлозијата во пристаништето во центарот на Бејрут, изјави денеска гувернерот на Бејрут, Марван Абуд.

EPA-EFE/WAEL HAMZEH

„Околу 300.000 луѓе останаа без дом“, изјави Абуд.

Во изјавата, Абуд го споменал и извештајот од 2014 година, во кој се предупредува на можноста за експлозија во главниот град, бидејќи високо експлозивни материи не се складирани на соодветен начин со што би се гарантирала јавната безбедност.

„Загубивме и 10 члена на противпожарната служба на Бејрут, а штетата се движи меѓу три и пет милијарди долари, можеби дури и повеќе“, рече Абуд.

Тој рече дека повеќе од половина од градот бил погоден од експлозијата, пренесува Тас.

Повеќе од 100 луѓе загинаа, а околу 4.000 се повредени во страшната експлозија во вторникот во пристаништето во централниот дел на Бејрут.

Тој дел од градот е разорен, голем број згради се сериозно оштетени.

 

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе