3 жандарми убиени, 1 ранет во полициска акција по повик за семејно насилство во Франција

Тројца жандарми се убиени, а еден е ранет во престрелка со осомничен откако одговориле на повик за семејно насилство во едно француско село. Напаѓачот е „пронајден мртов“ по потерата, рече министерот за внатрешни работи.

Фото: ЕПА

Пукањето се случило рано утрово во оддалечена област во централниот регион Пуј-де-Дом, објавија француските медиуми, повикувајќи се на обвинителството.

Жандармите пристигнале на местото на настанот за да спасат жена, која се криела од сопругот на покривот од куќата.

Еден човек отворил оган кон полицајците кога тие се приближувале кон зградата. Еден жандарм починал на самото место, додека друг бил хоспитализиран со прострелна рана во бутот.

Кога пристигнало засилувањето, осомничениот ја запалил куќата и во пукотницата што следувала убил уште двајца жандарми.

Специјалци и пожарникари биле распоредени на местото на настанот.

Локалниот градоначалник за француска телевизија изјави дека куќата е „целосно уништена од пожар“. Не е веднаш јасно дали осомничениот, 48, загинал во пожарот или избегал. Портпаролот на жандармеријата Меди Шорер за медиумите изјави дека повеќе од 300 офицери биле вклучени во потрагата.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин подоцна објави дека осомничениот „бил пронајден мртов“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе