70.000 пуштени од затвор

27 луѓе починаа од труење со алкохол во Иран, верувале дека лечи коронавирус

Дваесет и седум лица починаа во Иран од нелиценциран алкохол, по гласините дека алкохолните пијалаци го лекуваат новиот коронавирус, објави официјалната новинска агенција Ирна.

Иран, каде што во понеделникот се пријавени 237 смртни случаи, е една од најтешко погодените земји со ковид-19, по Кина и Италија.

Продажбата и пиењето алкохол се забранети во Исламската Република Иран, но локалните гласила редовно известуваат за труење со нелиценциран алкохол.

Ирна наведува дека 20 луѓе починале од труење со алкохол во провинцијата Хузестан, во југозападниот дел на земјата, а седум во Алборз, провинција што граничи со Техеран.

Ирна додава, повикувајќи се на локалниот медицински шеф, дека 218 лица биле примени поради труење во болница во Ахваз, главниот град на Хузестан.

„Пијачите“ поверувале во „гласините се дека алкохолот може да помогне во лекувањето на болеста предизвикана од коронавирусот“, рекол шефот, пренесе агенцијата.

Агенцијата објави дека 16 лица починале од коронавирусот во Хузестан.

Иран ослободи околу 70.000 затвореници поради епидемијата во земјата, соопшти шефот на иранското правосудство, Ебрахим Раиси.

Според Ројтерс, тој рекол дека ослободувањето на затворениците ќе продолжи до степен што нема да предизвика небезбедност во земјата.

Раиси не кажа дали и кога ослободените ќе треба да се вратат во затвор.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе