261 делфин насукан во Мексиканскиот Залив, повеќето угинале

Во изминатите четири месеци на брегот на Мексиканскиот Залив меѓу американските држави Флорида и Луизијана се насукале околу 260 делфини.

Си-ен-ен објави дека експерти од Националната управа за океан и атмосфера (НОАА) потврдија дека во периодот од 1 февруари до 31 мај најмалку 261 делфин се насукале на брегот, а 98 отсто од нив угинале.

Експерти од НОАА, кои ги оценија како вонредни случаи, наведуваат дека бројот на угинати делфини за три пати е поголем од вкупниот досегашен просек.

Тие велат дека на кожата на делфините кои се насукале можеле да се видат рани кои најверојатно се предизвикани од контактот со слатка вода.

Иако истражувачите сè уште не ги откриле конкретните причини за страдањето на делфините, се претпоставува дека се работи за намалување на нивото на сол во океанот. Друга можна причина е истекувањето на нафта во Мексиканскиот Залив во 2010 година.

Китови и делфини се насукуваат на брегот поради болести, потешкотии во навигацијата, плимата и осеката или поради тоа што се прогонувани од предатори.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе