26 повредени во Мадрид во протестите против пресудата на Каталонците (ФОТО+ВИДЕО)

Околу 4.000 луѓе синоќа се собраа во центарот на Мадрид барајќи ослободување на затворените каталонски службеници, по што дојде до судир со полицијата што резултираше со 26 повредени.

На собирот организиран од околу 20 левичарски групи се повикуваше на „амнестија за сите политички затвореници“ во Шпанија, но спомнати се и каталонските политичари осудени во понеделникот на 9 до 13 години затвор.

Организаторите велат дека собирот е свикан пред да бидат донесени пресудите, посочувајќи дека во затворите во Шпанија има „меѓу 300 и 500 политички затвореници“. На собирот беа истакнати шпански републикански знамиња.

Некои од демонстрантите потоа се обиделе да ја блокираат улицата Гран Виа, која се наоѓа во срцето на Мадрид, со поставување на барикади. Полицијата се обидела да ги растера, по што тие посегнале по столови и други предмети од терасите на околните кафулиња и ги фрлале на полицијата. Полицијата употребила палки.

Во конфликтот се повредени 26 лица, меѓу кои 15 цивили и 11 полицајци, објави брзата помош.

Во болница се пренесени четворица цивили и тројца полицајци. Едно лице е уапсено.

На паралелен собир, исто така во центарот на Мадрид, но малку подалеку, стотина „млади патриоти“ се собраа под мотото „Каталонија е Шпанија“. Полицијата спречи да дојдат во контакт со демонстрантите од другиот собир.

Врховниот суд во Мадрид во понеделникот изрече затворски казни од 9 до 13 години за девет каталонски функционери кои во 2017 година организираа референдум за независност на Каталонија, иако беше забранет од Уставниот суд. Последователно, тие прогласија република Каталонија, која не заживеа на терен.

Уште тројца службеници се осудени на забрана за вршење јавна функција и парични казни.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе