26 луѓе се побогати од половина свет

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш повика на укинување на глобалните нееднаквости, дополнително изразени среде пандемијата на коронавирусот.

EPA-EFE

„Коронавирусот се споредува со рентген кој ги открива скршениците во кревкиот скелет на општествата кои ги изградивме“, кажа Гутереш на годишното предавање по повод роденденот на некогашниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела.

Гутереш наведе дека кризата предизвиката на пандемијата „насекаде разоткрива лажни убедувања: лагата дека слободните пазари можат да испорачаат здравствена заштита за сите, фикцијата дека неплатената нега не е труд, илузијата дека живееме во пострасистички свет, митот дека сите сме во ист чамец“.

Тој додаде дека развиените земји силно се посветени на сопствениот опстанок и дека „не успеаја да ја испорачаат поддршката потребна за помош на земјите во развој во овие опасни времиња“.

Гутереш ги критикуваше огромните нееднаквости во богатството, но и другите, поврзани со расата, родот, класата и местото на раѓање.

„Најбогатите 26 луѓе имаат богатство колку половина од светската популација“, кажа генералниот секретар на ОН.

Тој кажа дека тие нееднаквости се гледаат во одговорот на пандемијата, бидејќи владите, компаниите и поединците се обвинуваат дека неопходните резерви медицински материјал и опрема ги изнакупувале за себе.

„Нееднаквоста почнува на врвот, во глобалните институции. Решавањето на проблемот на нееднаквоста мора да почне со нивна реформа“, истакна Гутереш.

Тој понуди некои решенија, кажувајќи дека е потребна нова генерација здравствена заштита, вклучувајќи универзална здравствена заштита, а можеби и универзален основен доход.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе