„Заборавете на имунитетот на стадо“

25 шведски научници: Не го следете нашиот пример. Не функционира

Шведска се надеваше дека имунитетот на стадо ќе го спречи ковид-19. Нејзиниот пристап предизвика смрт, тага и страдање. Единствениот пример што ние го даваме е како да не се справувате со смртоносна заразна болест, велат 25 шведски лекари и научници.

Фото: ЕПА

Шведска често се сметаше за лидер кога станува збор за глобалните хуманитарни проблеми, светла точка во областите како што се прифаќањето бегалци и борбата против глобалното затоплување. Во пандемијата ковид-19, Шведска исто така предизвика интерес низ светот следејќи го сопствениот пат за употреба на „мек“ пристап - без карантини, претежно доброволни ограничувања и поттикнување на употребата на маски, велат во писмо до јавноста 25 шведски научници.

Зошто? Стекнувањето имунитет на стадо, кога голем број од населението (по можност помладите) се заразени и со тоа развиваат имунитет, не беше официјалната цел на Шведската агенција за јавно здравје. Но тие рекоа дека имунитетот кај населението може да помогне во сузбивање на ширењето на болеста, а некои соопштенија на агенцијата сугерираа и дека потајно тоа е целта.

 

Неверојатна стапка на смртност

Понатамошен доказ за ова е тоа дека агенцијата инсистира на задолжително одење на малите деца во училиште, а важноста на тестирањето подолго време се омаловажуваше, агенцијата одби да ја признае важноста на асимптоматското ширење на вирусот (за жал, ги охрабруваше оние во домаќинствата со заразени лица со ковид-19 да одат на работа и училиште) и сè уште одбива да препорача маски во јавноста, и покрај огромните докази за нивната ефикасност. Покрај тоа, официјалната цел на шведските власти секогаш беше не да ја сузбијат епидемијата, туку да ја забават, за да не се преплави здравствениот систем.

Неколку тела, меѓу кои и Светската здравствена организација, го осудија имунитетот на стадо како стратегија. „Може да доведе до многу брутална аритметика што во центарот на таа равенка не ги става луѓето и животот и страдањето“, рече д-р Мајк Рајан, извршен директор на Програмата за здравствени итни случаи на СЗО, на прес-конференција во мај.

Без оглед дали имунитетот на стадо беше цел или спореден ефект на шведската стратегија, како излезе тоа? Не толку добро, според резултатите од истражувањето на самата агенција. Процентот на Швеѓаните што имаат антитела се проценува дека е под 10%, така што ни одблизу нема имунитет на стадо. А сепак, стапката на смртност во Шведска е вознемирувачка. Шведска има бројка на жртви поголема од Соединетите Држави: 556 смртни случаи на милион жители, споредено со 425, заклучно со 20 јули.

Исто така, Шведска има бројка на смртни случаи над четири и пол пати поголема од вкупниот број на другите четири нордиски земји - над седум пати поголема на милион жители. Неколку недели Шведска е меѓу првите во светот кога станува збор за дневните пријавени смртни случаи по жител. И покрај ова, стратегијата во суштина останува иста.

 

Учете од грешките на Шведска

Можно е јавноздравственото тело всушност да верувало дека шведскиот пристап е најсоодветен и одржлив, и дека кај другите земји, од кои голем број воведоа карантин, состојбата ќе биде полоша. Можеби ова, а не имунитетот на стадо, е главната причина што властите очајно се држат до својата стратегија. Или можеби неподготвеноста да се признаат почетните грешки и да се преземе одговорноста за илјадници непотребни смртни случаи придонесува да не се менува стратегијата. Како и да е, резултатот во оваа фаза е недвосмислен.

Ние веруваме дека Шведска може да се користи како модел, но не на начинот на кој првично се мислеше. Наместо тоа, таа може да послужи како контролна група и да се одговори на прашањето колку се ефикасни доброволното дистанцирање и лабавите мерки во Шведска во споредба со карантинот, агресивното тестирање, потрагата по контактите и употребата на маски.

Во Шведска, стратегијата доведе до смрт, тага и страдања, а згора на тоа нема знаци дека шведската економија поминала подобро отколку во многу други земји. Во моментов, ние поставивме пример за остатокот од светот за тоа како да не се справува со една смртоносна заразна болест.

На крај, и ова ќе помине и животот ќе се врати во нормала. Ќе дојдат нови медицински третмани и ќе ја подобрат прогнозата. Се надеваме дека ќе има вакцина. Дотогаш продолжете вака. И немојте да го следите шведскиот пример.

25 шведски лекари и научници

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе